ТЕЛЕФОН:
+389 (0)2 32 32 877

РАБОТНО ВРЕМЕ:
пон-чет
12:00-24:00
пет-саб
12:00-01:00

Направете сами вкусна панакота

Панакотата е италијански кремкаст десерт кој најчесто се декорира со сос од шумско овошје. Ви предлагаме едноставен рецепт кој можете да го приготвите дома.


Потребно:

500 мл слатка павлака
2 мл екстракт од ванила
1 кесичка бел желатин
150 гр шеќер во прав
100 мл вода
200гр малини, јагоди или боровинки (свежи или замрзнати)

Начин на подготовка:

1. Желатинот го потопуваме во малку ладна вода да набабри. Се става слатката павлака и шеќерот во сад за варење и се загрева на тивко до пред вриење(не смее да зоврие).

2. Се додава ванилата и се меша со жица за матење.
3. На слаб оган, оставаме павлаката полека да зоврие, па вариме уште 15мин. Потоа го тргаме лонецот од оганот. Во павлаката го додаваме растопениот желатин и мешаме се додека не се растопи рамномерно.

4. Смесата се истура во плиток сад исплакнет со вода или во мали калапчиња за пудинг или суфле.

Прелив:

Јагодите, малините или боровинките се варат малку со шеќерот и малку се гмечат. Во загреани 100 мл. вода , со постојано мешање се растопуваат 100г. шеќер во прав, се додека не добиеме сируп од шеќер. Кога ќе зоврие, вариме 1 мин. па го додаваме овошјето и го вариме уште кратко со постојано мешање.

Споделуваме со вас

08.08.2017

Искусниот тим на Воденица-Мулино имаше чест да ја подготви и послужи синоќешната вип гала вечера за купот на УЕФА во Скопје.

Повеќе »

16.07.2017

Итно ви треба ладно бело вино. За експресно да го добиете, постојат неколку практични трикови:

Повеќе »

14.07.2017

Бродот Сенигалија кој е првиот хотел на вода во Скопје. Хотелот е дел од групација заедно со Restaurant Vodenica-Mulino, Spizzicotto Zoo, Spizzicotto GTC & Spizzicotto City Mall.

Повеќе »

Контакт

Ул. Теодосиј Гологанов 69 1000 Скопје, Македонија
+389 (0)2 32 32 877
info@vodenicamulino.com.mk

© 2017 Воденица-мулино