ТЕЛЕФОН:
+389 (0)2 32 32 877

РАБОТНО ВРЕМЕ:
пон-чет
12:00-24:00
пет-саб
12:00-01:00

Тестенини со црвен сос одат со црвено, a со бел сос со бело вино

Ова едноставно правило е се што треба да знаете кога станува збор за комбинирањето на вина со италијански тестенини. Состојките на сосот ќе ви помогнат да најдете фантастично вино кое одговара со него.


Еве неколку примери:

Тестенините со едноставен сос од путер и медитерански зачини најдобро одговараат со свежо, младо, чисто вино, како што е Proseco.

Шпагети со школки и тиквички се комбинира со ароматично вино, како што е Falangina.

Тестенини со јајца како Pappardelle со порцини печурки бара полно бело вино, како што Verdicchio.

Богатите, солени шпагети ala carbonara совршено одат со традиционалниот Frascati Superiore.

Присуството на домати во сос пак секогаш е доволен сигнал да изберете црвено вино кое ќе се спротистави на слабиот сладок вкус на доматите.

Споделуваме со вас

08.08.2017

Искусниот тим на Воденица-Мулино имаше чест да ја подготви и послужи синоќешната вип гала вечера за купот на УЕФА во Скопје.

Повеќе »

16.07.2017

Итно ви треба ладно бело вино. За експресно да го добиете, постојат неколку практични трикови:

Повеќе »

14.07.2017

Бродот Сенигалија кој е првиот хотел на вода во Скопје. Хотелот е дел од групација заедно со Restaurant Vodenica-Mulino, Spizzicotto Zoo, Spizzicotto GTC & Spizzicotto City Mall.

Повеќе »

Контакт

Ул. Теодосиј Гологанов 69 1000 Скопје, Македонија
+389 (0)2 32 32 877
info@vodenicamulino.com.mk

© 2017 Воденица-мулино