ТЕЛЕФОН:
+389 (0)2 32 32 877

РАБОТНО ВРЕМЕ:
пон-чет
12:00-24:00
пет-саб
12:00-01:00

Шест начини за подготовка на вкусна риба

Ако сте љубител на риба, ви предлагаме шест начини како да зготвите совршена риба:


1. Варена риба
Овој метод на готвење на риба е сличен варење на јајце. Вака подхотвената риба останува мека и сочна. Најчесто се вари во вода со малку бело вино или во рибја супа а се зачинива со сок од лимон и малку кромид. Важно е садот во кој пто се вари рибата да е покриен за да не испари течноста која може да се искористи како сос при послужувањето.

2. Риба на скара
Овој начин на готвење обично се препорачува за пастрмка, лосос, скуша, сом – и други видови масна риба а се подготвува како цело парче или филети. Важно е предходно рибата добро да се исчисти, а скарата да се подмачка со масло. Риба на скара се готви на средна топлина.

3. Риба печена во фурна
При печење риба, можете да се користат филети, или цели парчиња риба која претходно е исчистена. Се става бо тава се зачинува со масло, сол, и со лук и се покрива со алуминиумска фолија по што се става во добро загреана фурна. При овој начин на подготовка рибата може да се зачини и со рузмарин, магданос, лимон и бело вино.

4. Пржена риба
Пржената риба е еден од најчестите методи за нејзина подготовка и веројатно една од најбрзите и најлеесните, но не и најздравите. Се што треба да направите е да се одлучи дали сакате пржењето да го правите во малку или во многу во малку или во многу масло, и добро да ја исчистите рибата.

5. Риба на пареа
Еден од најздравите начини на подготовка со кој се задржуваат сите хранливи материи. Се пто треба да се направи е филети риба да се стават над вода која што врие. За овој начин на подготовка се котистат специјални садови за готвење на пареа.

6. Риба во фолија
За овој рецепт потребни се алуминиумска фолија или хартија за печење. Исчистената риба се става на фолијата или хартијата, се зачинува со сол, масло, билки, лук и лимон. Добро се затвора и се става на печење. Овој начин на подготовка овозможува да се сочуваат сите вкусови, но и сочност на рибата.

Споделуваме со вас

08.08.2017

Искусниот тим на Воденица-Мулино имаше чест да ја подготви и послужи синоќешната вип гала вечера за купот на УЕФА во Скопје.

Повеќе »

16.07.2017

Итно ви треба ладно бело вино. За експресно да го добиете, постојат неколку практични трикови:

Повеќе »

14.07.2017

Бродот Сенигалија кој е првиот хотел на вода во Скопје. Хотелот е дел од групација заедно со Restaurant Vodenica-Mulino, Spizzicotto Zoo, Spizzicotto GTC & Spizzicotto City Mall.

Повеќе »

Контакт

Ул. Теодосиј Гологанов 69 1000 Скопје, Македонија
+389 (0)2 32 32 877
info@vodenicamulino.com.mk

© 2017 Воденица-мулино